Зухри по атентатот врз Ханија: Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим

Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим, за што е подготвен да ја плати цената, изјави денеска портпаролот на палестинската група Саму Аби Зухри по убиството на нејзиниот лидер Исмаил Ханија во Техеран.

Абу Зухри го опиша убиството на Ханија како „сериозна ескалација“ и посочи дека сторителите нема да ги постигнат своите цели, пренесоа британските медиуми.

Ал Зазира го пренесува соопштението на Хамас во кое се наведува дека Ханија бил убиен во „предавнички ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханија и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -