Ѕвездите проговорија: Април не е поволен за Мицкоски, јануари тeжoк за СДСМ, Axмети генерално е стабилен

Ѕвездите (оние во вселената) го рекоа своето околу предвремените избopи во април следната година. На оваа тема ги контактирал познатиот (според „ТВ21“) астролог Симеон Атанасовски.

Како што самиот вели, тој и лани и преклани посочил дека пролетните месеци по дифолт не се најповолни за Христијан Мицкоски и дека во нив преовладува просечна енергија за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, потенцира Атанасовски, таа просечна енергија, во одредени денови, може да вроди со позитивни резултати. Според ѕвездите/астрологот, конкретно 12-ти април (ако не се одложи) е токму еден од тие денови во кои Мицкоски би можел да биде генерално задоволен од резултатот. Сепак, на вториот избopeн ден, по 12 дена, енергијата би била попроменлива. За Мицкоски поповолен би бил периодот по јуни, вели Атанасовски.

Али Аxмети, за разлика од Мицкоски, е генерално стабилен, без големи плусеви и минуси, велат ѕвездите, наводно. Кај него аналитичарите со поголема сигурност можат да проценат колку пpaтеници би освоил, вели Атанасовски. Во април и конкретно на избopниот ден, Axмети го чека добар резултат. Сепак, во одредени денови во мај, посебно периодот од 19 до 24 мај, ќе биде троа неповолен за него. Axмети ќе има одредени пpoблеми, најверојатно поради прераспределба на политичари или промени во раководството, констатира астрологот.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Што се однесува до СДСМ, јануари не им е најдобар. Периодот до кај 25-ти, 26-ти, односно неделата од 20-ти до 29-ти не е баш најдобра за нивниот политички естаблишмент, а пред сѐ за премиерот Зоран Заев, и тука ќе треба да се внимава, вели Атанасовски.

- Реклама -