Звуците од пустината

Повеќе... Првобитните луѓе на овие звуци во пустината им препишувале натприродно потекло. Кога ги слушнал во пустината Гоби, Марко Поло верувал дека тоа се гласови на духовите и ги опишал како „звуци од секакви видови музички инструменти“ и „тапани и ѕвечкање на оружје.“


04-recipe1.jpgПрвобитните луѓе на овие звуци во пустината им препишувале натприродно
потекло. Кога ги слушнал во пустината Гоби, Марко Поло верувал дека тоа
се гласови на духовите и ги опишал како „звуци од секакви видови
музички инструменти“ и „тапани и ѕвечкање на оружје.“

После многу генерации мистични инерпретации, истражувачите конечно дадоа научно објаснување за акустиката на песокот. Тие сега се сложија дека oвој феномен е предизвикан од вибрациите на зрнцата песок како што тие паѓаат едно врз друго.

Само околу триесетина „музикални“ дини се познати околу светот – во пустините и плажите на Хаваи, Јужна и Северна Америка, Африка, Средниот Исток и Азија. Звуците (слушнете ги овде) ги споредуваат со различни инструменти – виолини, чело, труби, органи, ѕвончиња и диџериду – инструментите на австралиските абориџини. Тие се нискофрекфентни (50-300 херци). За време на поголема лавина можат да бидат слушнати од голема далечина – речиси десет километри, а за оној што ќе се најде во средиштето тие се заглушувачки. [Recipe for noisy sand]

- Реклама -