Лион ги стави на продажба повеќето играчи


Францускиот прволигаш Олимпик Лион го стави најголемиот дел од својот тим на трансфер пазарот во обид да ја постигне својата финансиска продажна цел пред крајот на преодниот рок, пишува францускиот весник L’Equipe, објави во четвртокот.

„Управата на Лион штотуку испрати порака дека отсега речиси сите се на продажба, сѐ додека некој ја плати вистинската цена“, пишува L’Equipe.

Францускиот клуб има намера да инкасира 100 милиони евра пред затворањето на преодниот рок. L’Equipe наведува дека за да стигнат до целта им требаат уште 75 милиони евра.

Тие во последните два месеца потрошија 134 милиони евра, повеќе од кој и да е друг клуб во Франција. Во јули тие потрошија рекордни 34 милиони евраво историјатана клубот да го ангажираат дефанзивецот Муса Нихате од Нотингем Форест.

Во четвртокот, седумкратните шампиони во Лига 1 објавија дека го продале францускиот дефанзивец Мамаду Сар на Расинг Клуб од Стразбур за 10 милиони евра.

Минатиот месец, Лион ги увери финансиските власти на Лига 1 дека ќе соберат 100 милиони евра од продажби на играчите ова лето, избегнувајќи секакви дополнителни ограничувања од финансискиот контролор на лигата. Во декември минатата година клубот инкасираше повеќе од 300 милиони евра за рефинансирање на долгот.

Лион е во сопственост на „Eagle Football Group“, инвестициски холдинг регистриран во Париз, кој исто така поседува удели во бразилски Ботафого, белгискиот РВД Моленбек и англиски Кристал Палас. Во меѓувреме, Џон Текстор, американскиот бизнисмен кој ја контролира групацијата, покажа интерес да го продаде својот удел во Палас за да го купи Евертон.

- Реклама -