На овогодинешното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе бидат прижани 11 филма од македонски автори во неколку категории. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“. Тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во документаристиката. Фестивалот ги истражува кинематографските архиви од неколку земји, вклучувајќи архиви од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Националниот филмски архив на Бугарија, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Северна Македонија.
Во овој дел, од архивите на Кинотека на Македонија се издвоени филмовите „Дае“ на Столе Попов снимен 1979 година. Се работи за 16 минутен филм, еден исечок од животот на Ромите Номади, посветен на празнувањето на Ѓурѓовден.
На МакеДокс ќе се прикаже и филмот на Трајче Попов од 1968 година „Довикување на пролетта“, 14 минутен филм за дервишите во Призрен кои веруваат дека годината почнува со доаѓањето на пролетта и дека мора да го изведуваат својот ритуал за таа да дојде.
Третиот филм во оваа категорија е филмот „Оган“ на Столе Попов, снимен 1974. Се работи за 12 минутен филм кој е апотеза на човековото знаење и способноста во процесот на работата да ја потчини и насочи огнената стихија.
Во Главната програма е прикажан филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова, кој веќе ги освои Сараевскиот Филмски фестивал во 2023, наградата на режија на IDFA Envison Comeptition, фестивалот The Netherlands, како и фестивалите во Чешка, Канада и Франција.
„Темелејќи се на исклучиво на архивски материјал и сведоштва, овој форензички видеоесеј е конструиран како перформативно истражување за првиот случај на Меѓународниот кривичен трибунал на кој се донесоа пресуди дека военото силување е форма на тортура, а военото сексуално ропство- злостор против човештвото. Искуствата на насилство и мачење врз жените од логорите, силување во Фоча за време на војната во БиХ стануваат наши колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот.“
Филмот „Градина“ на Бојан Тантуровски, кој ќе биде прикажан вечерва како дел од Програмата за нови автори, е во продукција на Охо и ја обработува приказната за последните герила градинари во Скопје соочени со исчезнување. По 35 години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, како што се шири градот, тие се принудени да бараат друго земјиште.
Во оваа програма е и филмот „Патување пеш“ на Тамара Котевска кој е копридукција на Македонија, Обединетото Кралство и САД и Македонија и во 80 минути го следи патувањето на Амал, млада бегалка која патува од сириската граница во Турција, по должината на Европа обидувајќи се да најде дом. Филмот содржи мешавина од синема- верите и фантастични, делумно напишани сцени кои создаваат бајка за возрасни.
Во Студенстката програма на Македокс е прикажан краткиот филм на Сандра Ѓорѓиева „Танцување со камара“, во продукција на DocNomads. Филмот ја следи португалската кореографка Катарина Камара која верува дека може да помогне во процесот на рехабилитација на затворениците преку давање на часови за современ танц.
Филмот „Хембој“ на Елизабета Конеска е дел од Кратката програма. Се работи за краток документарен филм за занаетити и традициите, но и процес кон сликата за секојдневните активности на мултиетничката средина во Скопје. Во оваа селекција е и филмот на Марија Џиџиева „Сјајот на Ѕвездата“ кој ја следи приказната на Шабан Шејдиу, борач, шампион, четирикратен олимпиец. Тој е еден од најголемите и најуспешните спортисти во Македонија. Спортска приказна која ни го покажува патот на едно мало дете од Скопје, кое го освојува светот со својата целосна посветеност на борењето.
Во Програмата за деца и млади се прикажуваат два филма. Филмот „Хелоу Алекс“, на Александра Петровска, во продукција на MakeDoks Dokumentary School. Филмот ја следи Матеа која започнува студии во Словенија подготвена да заврти нова страница во својот живот. Но покрај сите убави нешта кои со себе ги носи животот во странство, прикажани се позитивни и негативни страни, подеми и падови, носталгија за нејзиното семејство и осамостојување. Подалеку од дома таа го споделува својот дневник на доживања со една од своите другарки.
Филмот „Винил Вртлог“ на Марко Иван Кочински е 15 минутен филм за културата. „Винил или слобода…? Винилство или казна…? Европа без границ, а ние по полициски станици…? Меѓународната винил конкуренција ја разборам сако како како поле за култерн натпревар меѓу народите….Ама на секој…? Тоше е мудра глава, тој ќе ни даде памет само за винили, туку за тоа како е да си Дон Кихот, заталкан во култрата.
Фестивалот се одржува од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и во новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.