Нојер објави крај на репрезентативната кариера


Голманот и поранешен капитен на германската фудбалска репрезентација, 38-годишниот Мануел Нојер, во средата објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера по 124 настапи за „Маншаф“т.

„По долги и интензивни разговори со моето семејство и пријателите, решив да ја завршам кариерата во Националманшафт. Секој што ме познава знае дека тоа не беше лесно да се донесе одлука“, објасни Нојер.

Нојер, кој во оваа одлука им се приклучува на репрезентативните колеги Тони Крос, Томас Милер и Илкај Гундоган, последниот меч за селекцијата го одигра во четвртфиналето на ЕУРО во Штутгарт, кога Германија беше поразена од идниот европски првак Шпанија со 1:2. после дополнително време.

Тој е под договор со Баерн до крајот на сезоната 2024/25, со цел последен пат да стигне до финалето на Лигата на шампионите на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Пред Баерн играше за Шалке 04 (2001/05, потоа под професионален договор од 2005-2011), а за репрезентацијата првпат играше на 2 јуни 2009 година во Дубаи на пријателски натпревар (7:2) против Обединетите Арапски Емирати. Се етаблираше како стартен голман на селекцијата во пролетта 2010 година, само неколку седмици пред почетокот на Светското првенство во Јужна Африка 2010 година.

Во 2014 година со репрезентацијата на Германија ја освои титулата во Бразил.

- Реклама -